Суплеменетите за исхрана, витамините и антидепресивите од денеска со повисока цена. На дополнителни 500 производи се зголемува ДДВ од 5 на 10%.
Меѓу нив се витамините за трудници, додатоци на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца, мултивитамински препарати кои содржат Б, Д и Е витамин, магнезиум, витамин Ц од 1.000 милиграми, препарати за поддршка на работа на црниот дроб, простатата, очите, кесички со електролити за дехидратација, пробиотици, додатоци за вознемиреност или несоница.
По однос на поскапувањето на цигарите, од Министерството за финансии појаснуваат дека зголемената акциза ќе се применува од 1 јануари, со што тие нема да поскапат од денеска.
Кај дел од прехранбените производи пак, кои беа ставени на листата луксузни, данокот ќе се врати на 5%. Од власта признаваат дека имале пропусти во одлуките.