– Добивме зелено светло од талибанците и планираме да започнеме со летови денес, изјави за АФП, Тамим Ахмади, висок претставник на авиокомпанијата.

Во последните денови Катар интензивно преговараше со талибанците за повторното отворање на аеродромот, а техничкиот тим пристигнал во Кабул во средата, пренесе Би -Би -Си.

Аеродромот е затворен за патнички сообраќај откако талибанците го зазедоа Кабул на 15 август, а откако во понеделникот полета и последниот американски авион за евакуација беше затворен целосно.