Од денеска во сила, забраната за фрлање ѓубре во Скопје во периодот од 22 часот до 6 часот наутро. Инспекторите излегуваат на терен. Физичките лица кои нема да ја почитуваат одлуката ќе се казнат со 50 евра, за правните – глобата и до 1.800 евра.

Најголем дел од граѓаните го поздравуваат ваквиот потег и велат дека мора да се стави ред во државата.