Од денеска вработените во рестораните и другите услужни места во Париз, што се околу два милиона, мора да покажат доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележан Ковид- 19 кога ќе дојдат на работа, како дел од владините напори за борба против пандемијата на коронавирус.

Јавноста е веќе должна да ја прикаже истата документација за одење во ресторани и туристички локаци.

Речиси 72 процента од Французите ја примиле првата доза на вакцината, а повеќе од 64 проценти се целосно вакцинирани, додека малцинството се противи на вакцинацијата и од јули одржува неделни протести низ целата земја. Франција е на второ место по бројот на инфекции во Европа во последниот месец, а досега се регистрирани повеќе од 114.000 смртни случаи.