Прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница од македонската полиција. Лимани треба да ја издржи затворската казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

– Ова претставува прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати на лице што нашата држава го бара со меѓународна потерница. Со ваквите постапки ја потврдуваме нашата соработка со странските правосудни и полициски органи и продолжуваме да ги обезбедуваме правдата и законските процедури за сите сторители на кривични дела – соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Лимани веднаш по пристигнувањето беше предаден на надлежните органи за да ја издржи предвидената казна затвор, а постапката ја следеше и јавниот обвинител за обезбедување на законитоста на екстрадицијата.