Антикорупциска ќе проверува има ли злоупотреби и прекршувања на законот во тендерите што ги добиваат фирмите под групацијата „Еуровиа“ и донациите кои се слеваат во партиската каса на владеачката ДУИ, пренесува Телма.
„На денешниот колегиум ДКСК утврди дека во конкретниот случај постојат елементи за наделжно постапување на комисијата и од аспект на материјалноста бидјеки се работи за високи износи но и за раизици за политичка повзаност“, изјави Биљана Ивановска, претседател на ДКСК.
„Еуровиа“ е во фокусот на јавноста поради добиениот тендер тежок 1,5 милиони евра без ДДВ за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за министерскиот состанок на ОБСЕ во ноември и во декември. Но, и лани имала тековни зделки со државата и општините, а според јавно објавените податоци истата година фирмата донирала и 1,8 милиони денари на политичката парија ДУИ, а еден од сопственици на Елмедин Адеми донирал 2,5 милиони денари.
Според одредбите на законот за финансирање политички партии, партии не можат да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпијатија и фондови по пат на договор“.
Од „Еуровиа“ негираат дека има прекршување на законот.
„Мојата врска со ДУИ, донирањето што се нагласува кон Демократската унија за интеграција и вредноста на донацијата, се невистинити, конкретно, „Еуровиа“ со матичен број 6630294 и Даночен број 4028010513380 не извршиле никакви донации кон политичкиот субјект ДУИ!“, изјави Елмедин Адеми, генерален директор на „Еуровиа“.
Во соопштението не пишува која „Еуровиа“ со кој даночен број донирала со оглед на тоа што има неколку фирми кои го содржат името „Еуровиа“, а се поврзани со истоимената групација во чии рамки сопственици се Елмедин Адеми но и Елдин Адеми, кој според веќе објавените информации од минатиот месец е шеф на огранокот на ДУИ во Јегуновце.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат и дека Адеми и фирмата неколкукратно го надминале законскиот лимит за донирање. Обвинуваат и дека фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари и секој министер во ДУИ си има своја фирма.
„Овие сознанија отвораат сомнеж за сериозна злоупотреба на службената положба. Во интерес на јавноста, Бујар Османи е должен да ја презентира пред јавноста целокупната тендерска документација, да одговори по кои критериуми е направен тендерот и избрана токму оваа фирма и кои се обврските и услугите кои треба да ги преземе фирмата за тендер во вредност од 1,8 милиони евра“, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Од министерството за надворешни повторија дека понудената најниска цена била критериум да биде избрана „Еуровиа“ за преадаптирање на салата „Борис Трајковски“ и ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека водат борба за ситни политички поени и нанесува штета на угледот на земјава,
„Уште еднаш посочуваме дека сме отворени за сите институции од интерес да остварат увид во документацијата и уште еднаш да ги ревидираат сите активности во рамки на постапката со цел да се отфрлат сите можности за шпекулации околу нејзината исправност“, соопштија од Министерство за надворешни работи.
И министерот за економија, Бектеши од редовите на ДУИ не ја коментираше за поврзаноста на ДУИ со „Еуровиа“ и дали има прекршувања. Одбра да им одговори на ВМРО ДПМНЕ
Како течела постапката за јавна набавка за „Борис Трајковски“ од 23 јуни до 21 август е наведено во соопштението на „Еуровиа“ од каде заклучуваат процедурата за учество била согласно законот и немало никакво прекршување.