Град Скопје донесе одлука од денаска мостот на бул. „Беласица“ делумно да биде отворен односно по него да транзитираат само лесни возила.

Велат дека согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста.

Од таму информираат дека од денеска мостот ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.

Дел од експертите од сферата претходно пак апелираа дека потребни се подетални анализи пред мостот да биде пуштен во употреба, бидејќи можни се поголеми оштетувања во структурата на мостот што пак претставува огромен ризик. Нивните објаснувања беа дека потребно е да се земе примерок од внатрешните слоеви за да може да се испита структурана и да се утврди дали има поголеми оштетувања од високата температура при пожарот на топловодите.