Стабилна е здравствената состојба на 42 годишниот велешанец кај кого е потврдена конго-кримската хеморагична треска.

Тој ноќеска немал температура и нема влошување на клиничката слика, потврдуваат за Канал 5 од клиниката за инфективни болести.

Стабилна е здравствената состојба и на вработената од инфективната клиника која се зарази од починатата жена од Штип која беше дијагностицирана со конго-кримската хеморагична треска… Велешанецот најверојатно бил каснат од крлеж додека рибарел покрај Вардар во Велес. Екипи од ветеринарниот факултет се на терен на во велешко и во Штип, со цел заловување на инсекти и нивно испитување, вчера го посетиле и епидемолози, ветеринари, служби од агенцијата за храна и ветеринарство и од факултетот за ветерина. Денеска ќе заседава и комисијата за заразни болести.