Поголем дел од нив се на кислородна поддршка. Има околу 530 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа поради компликации од коронавирусот, во Скопје е хоспитализиран само еден пациент – во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“, а дома се пуштени двајца оздравени.
Во главниот град 22 пациенти се хоспитализирани на Инфектвината клиника, 14 се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и двајца на Институтот за ТБЦ. До 8 часот утрово имало 90 слободни места.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19 – во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, во Штип и во Струга по пет, Тетово и Прилеп имаат по тројца пациенти, Велес и Охрид по шест, Куманово 18, Гостивар има осум, Струмица девет, Кичево еден, а во Кавадарци и Гевгелија нема хоспитализирани.
Министерството за здравство напомнува дека бројот е променлив зашто во текот на денот се прават исписи на пациенти и дека поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.