Лончар на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде го пречека првиот контингент на суровини за производство на кинеската вакцина, рече дека на 9 септември ќе биде поставен камен -темелник за изградба на фабрика што ќе ја произведува таа вакцина.

– Крајниот рок за завршување на изградбата на фабриката е првиот квартал од следната година и ќе се произведуваат околу три милиони дози месечно, изјави српскиот министер.

Тој додаде дека „пробното“ производство ќе трае до октомври, а потоа ќе почне „редовното“ производство на вакцината.