Од полноќ стартува изборната кампања

Локалните избори 2025 ќе се одржат на 19 октомври и ќе бидат осми по ред од независноста на државата. Ова се четврти избори на кои граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во сите 80 општини и во Град Скопје.

Бројки и кандидати

На изборите ќе учествуваат вкупно 309 кандидати за градоначалници и 577 листи за советници, со вкупно 10.499 кандидати. Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список, во кој се впишани 1.832.415 гласачи.

Во земјата се регистрирани 3.480 избирачки места, од кои кај 132 се потпишани помалку од десет гласачи. Гласањето за нив ќе биде организирано на најблиското избирачко место.

Редослед на гласачкото ливче

Со ждрепка, ДИК го утврди распоредот на гласачкото ливче. На првите девет места се најдоа парламентарните партии и коалиции. Под редни броеви од 10 до 33 се вонпарламентарните партии и коалиции, додека независните листи ќе бидат под бројеви од 34 до 153.