Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати.

– РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати, што ќе важат од полноќ. Предусловите се исполнети, изјави денеска портпаролката на Комисијата, Марина Узунов.

Во понеделникот, беше намалена цената на Еуросупер БС-95 за пола денар, а дизелот поевтини за еден денар. Цената на Еуросупер БС-98 остана непроменета.