Од АМСМ информираат дека в понеделник (08.5.2023) ќе се започне со градежни активности за поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово.

На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи ќе има времен режим на сообраќај.

Фирма изведувач е ДГПТУ Битем Дооел Скопје, а почетокот на градежните активности, соопштија од АМСМ, се согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје.