Најавено е дека од понеделник, 6 септември, граѓаните ќе имаат можност за брзи тестови на Ковид-19 во Здравствениот дом во Тетово.
– Благодарение на отворањето на новите пунктови за вакцинација во Тетово, според статистичките податоци ние сме првиот град во Европа по бројот на граѓани кои се вакцинирани во последните две недели, со зголемување од 15 отсто од вкупниот број на граѓани. Ако оваа динамика продолжи во следните две недели, ќе имаме близу 50 отсто вакцинирани граѓани. Од понеделник (06.09.2021) ќе започне функционирањето на Центарот за култура како центар за ревакцинација, како и пунктот за вакцинација кај Жичарницата – Елем Турс. Центарот за ревакцинација во салата на медицинското училиште ќе работи до недела (05.09.2021), а од понеделник (06.09.2021) овој центар ќе биде префрлен во Центарот за култура во Тетово, информираат од Општина Тетово.
Со цел подобро и поефикасно управување со вакцините, кризниот штаб денес одлучи дека како центар за вакцинација за деца на возраст од 12 до 18 години, бремени жени и доилки да биде Здравствениот дом во Тетово.
– Во последните денови се забележува во Клиничкиот центар во Тетово се забележува намалување на бројот на нови случаи кои се со сериозна здравствена слика, но епидемиолошката состојба во општина Тетово продолжува да биде многу сериозна. Во однос на почетокот на учебната година со физичко присуство во основните училишта, досега строго се почитуваат мерките и протоколите за заштита, и за среќа немаме ученици кои се позитивни Ковид-19, изјави градоначалничката Теута Арифи.