Околу евентуалното зголемување на цената на струјата од јануари, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата и понатаму ќе ја субвенционира цената на електричната енергија, а дека цената зависи од Регулаторната комисија.
„Регулаторот одлучува за висината на цената на струјата. ЕВН Хоум е снабдувачот кој што има јавна набавка за цела 2026 година. А, ЕСМ соглано политиките на владата ги достави вкупните количини коишто се бараат согласно јавната набавка. Претходно како влада бевме критикувани и во самиот извештај од ЕУ, но и од дел од јавноста дека еден од чекорите кои се дел од планот за раст не го спроведуваме, а тоа е чекорот во кој се предвидува либерализација на пазарот на електрична енергија, и јасно кажавме дека тој чекор нема да го примени, затоа што тогаш цената немаше да биде 62, 65 евра, туку повеќе од 100 евра, и струјата ќе поскапе за неверојатни 50%. И решивме понатаму да ја субвенципонираме цената на електричната енергија за домаќинствата. Која ќе биде крајната цена, одлучува регулаторот“, рече Мицкоски.
