Синдикатот на Клинички ќе чека уште една недела за средба со новиот министер за здравство во спротивно повторно ќе излезат на протест.

Се надеваат на разбирање и исполнување на ветеното зголемување на платите бидејќи новиот министер за здравство  Фатмир Меџити доаѓа од комплексот клиники.

-Ветија 10 процентно зголемување секоја година, за три години тоа се 30 проценти, а досега платите се покачени само за 5 проценти, изјави Д-р Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на Клинички.

Во меѓувреме, новиот предлог закон за системот за плати во јавниот сектор ги обедини сите синдикати, сојузи и конфедерации. Тие бараат Владата да го повлече ваквото законско решение бидејќи се уништуваат правата на синдикатите и колективните договори и се намалуваат правата на работниците за повисоки плати.

-Со овој закон се уништуваат правата на Синдикатите, правата на колективните договори, изјави Благоја Ралковски, претседател на КСС.

-Ваквото законско решение не смее да помине и е катастрофално за работничките права, изјави Слободан Трендафилов од ССМ.