Од наредната недела, поточно од среда, подрачјето на целата држава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно температурите ќе се движат во интервал од 35 до 39 степени.
Значителен пораст на температурите се очекува четврток и петок, кога постои можност целата територија на државата да биде зафатена со температури од портокалова фаза, за што Министерството за здравство во континуитет ќе информира со соодветни препораки за заштита од топлото време.
Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и избегнување консумација на лесно расиплива храна.
За хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија, препорачуваат од министерството за здравство.