Таа информира дека има и претставки и до Народниот правобранител во однос на тоа да се намалат часовите за време на пандемијата, бидејќи, како што рече, имаат дојави дека на некои ученици им се слошува затоа што нон стоп носат маски.

Спасевска најави дека доколку до дадениот рок – крајот на септември не се обезбедат учебници за сите уеници, тогаш тие од 1 окомври ќе ја бојкотираат наставата, ќе одржуваат протести, па и се заканија и со блокирање на улицата пред Министертсвото за образование и наука.

– Имавме еднодневен бојкот, што беше предупредувачки и што беше во добар одѕив. Ние на самото Министерство му дадовме рок до крајот на септември да обезбедат учебници согласно законот за сите ученици во основното и средното образование, бидејќи според Законот за основно и средно образование што уште е во функција, треба да имаме бесплатно образование, односно комплетно бесплатни учебници треба да добие секој ученик на почетокот на учебната година. Дадовме можност и рок до крајот на септември да се достават учебници до сите ученици, во спротивно од 1 октомври ќе преземеме идни чекори како бојкот на наставата, протести, па и блокирање на улицата пред Министерството за образование и наука се додека оваа беззаконие се стави во функција на закон и да се почитуваат законите и правата кои што нам како родители не ни се дозволени, рече таа.

Таа најави дека граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ вечерва во 18 часот пред Собранието на Република Македонија за првпат ќе организира јавна трибина за новите реформи во образовниот систем, на која се очекува да учествуваат професори и академици, стручни лица од повеќе области.

– Со трибината треба да ја доближиме вистината на македонската јавност, односно да не испадне дека ние родителите кои што сме примитивни ги кажуваме наши тврдења, вечерва ќе имаат можност да ги слушнат стручните лица кои што ќе ги образложат нашите барања и уставноста на законите кои што ги спроведува министерката овој период. Министерката нема да биде присутна. Искрено не ја поканивме, бидејќи ние очајно веќе неколку месеци бараме средба со неа и сме игнорирани. Овој пат оставаме стручноста да излезе на површина, иако таа е глува и за нив, рече таа.

Таа додаде дека имаат информации оти има потешкотии во самата платформа за спуштање на учебниците, па родителите, како што рече, се принудени од својот џеб да даваат пари за копирање на учебниците за да им овозможат на своите деца да учат, иако им следуваат бесплатни учебници, печатени од МОН.