Од утре почнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање – зонско, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д од понеделник до сабота ќе биде од 7:00 до 23:00 часот.

Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, апелираат корисниците на услугите на јавните површини наменети за паркирање – зонско да ги запазат промените, односно наплатата за паркинг услугата да ја извршуваат во наведеното работно време за да не се соочат со санкција.