Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, а утре попладне во југозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, најавува УХМР.

Поинтензивни врнежи се очекуваат од четврток до сабота кога ќе дува и засилен до силен ветер од јужен правец.

Утре минималната температура ќе биде минус еден степен, а максималната ќе достигне 19 степени.

Според прогнозите, од вторник до сабота дневните температури ќе се движат меѓу 13 и 22 степена.