Од утре па се до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.
Постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.