Додека јавноста и експертите полемизираат во исправноста, од утре почнуваат да важат измените на Кривичниот законик. Тоа значи помали казни за злоупотреба на службена положба и овластување како и злосторничко здружување.

Се воведува граница на максимална казна, а се укина и еден став од делото злоупотреба на службена положба и овластување.Со тоа ќе има и побрзо застарување на делата.

Ова значи застарување на предметите „Таргет-Тврдина“, „Тендери“, „Титаник“, „ТНТ“, „Талир“, „Траекторија“.