Од УХМР информираат дека под влијание на влажна воздушна маса од утре кон крајот на денот следува период на пооблачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Најоблачно и најврнежливо ќе биде во сабота и во понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Утринските температури утре ќе бидат во негатива во некои делови и ќе се спуштањт до минус четири, а од задутре ќе се движат од три до девет степени. Дневните температури ќе бидат од осум до 18 степени.