Од утре попладне синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд, ветер и електрични празнења.

– Под влијание на атмосферски фронт утре попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од недела следува еприод на посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и
северозападен правец.