Утре под влијание на влажен бран најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја ќе има повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта кон петок врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни, локално над 30 литри на метар квадратен, информираат од УХМР.

Во петок во текот на денот врнежите ќе престануваат, а од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.