Од утре, 15 јули 2026 година, повторно ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релациите Скопје – Битола и Битола – Скопје, информира ЖРСМ Инфраструктура.
Патничкиот сообраќај се обновува по завршувањето на градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, на делницата од станицата Бакарно Гумно до товариштето „Никола Карев“.
На релацијата Скопје – Битола на 15 јули ќе сообраќа возот 641, со поаѓање во 7:06 часот, како и возот 645, кој ќе тргне во 20:05 часот.
Од Битола кон Скопје, возот 644 ќе појде на 15 јули во 18:22 часот, додека возот 640 ќе сообраќа на 16 јули со поаѓање во 3:10 часот.
