Од утре, понеделник, ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект, информираат од АМСМ.
Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.
Од 5 декември, пак, е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.