Од утре поевтинуваат горивата. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер-95, се намалува за еден денар за литар и ќе изнесува 79,50 денари за литар.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер 98 и на Еуродизел се намалуваат за 1,50 денари, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер-98 ќе изнесува 81,50 денари, додека малопродажната цена на Еуродизел ќе изнесува 71 денар, известуваат од Регурлаторна комисија за енергетика.
РКЕ донесе Одлука со која се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 % во однос на одлуката од 05.8.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,531%, кај дизелот 2,143%, кај екстра лесното масло за 0,449% и кај мазутот зголемувањето е за 3,070%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7310%.