Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со новинарите ја објасни штетноста на владината даночна политика.

Според Мицкоски, добро е што власта го одложила скалестото оданачување и оти тоа го поддржале.

Она што не е добро, потенцира лидерот на опозицијата е данокот на екстра профит кој власта сака да го воведе , а кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира.

Овој данок, смета Мицкоски ќе оди на штета кои и досега беа редовни плаќачи на данок.

Овој буџет е донесен на „жими мајка“. Сега власта за да го наполни им  требаат оние закони за кои не знаат дали ќе поминат во Собранието-оценува Мицкоски.