Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд нè очекува денеска низ земјава, а на некои места постои можност и за ретки грмежи. Температурите ќе останат релативно високи за овој период, со максимални вредности до 29 степени Целзиусови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од 2 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 26 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на циклонска активност, нестабилното време ќе се задржи до средината на следната седмица. Во тој период се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.
Особено во недела, на одделни места се очекува да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар. Локално се можни и временски непогоди проследени со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Во вторник се очекува продор на постуден воздух, поради што врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.
