Ден по ден, метар по метар, работејќи етапно, населба по населба, после две години, успеавме целосно да ја промениме сликата за нашата општина, вели првиот човек на Кисела вода Орце Ѓорѓиевски во отчетот за својата двегодишна работа на чело на општината.

– Кога пред две години застанав на чело на општина Кисела Вода, имав визија за тоа во какво место сакам да живеам и јас, моите блиски и сите мои сограѓани. Улиците низ општината не беа санирани по 30, 40, па и по 50 години што резултираше со видливи оштетувања. Тоа веќе не беше само естетски проблем, многу од нив повеќе не беа безбедни за одвивање на сообраќајот, потеницра тој и додава дека нивните идеи донеле серизони промени во оваа скопска општина.

– Со инфраструктурната обнова беа опфатени Пржино, Црниче, населба и село Драчево, Потстаница, 11 Октомври Бараки, 11 Октомври Згради, Пинтија, Усје, Цветан Димов, стара Кисела Вода или досега се асфалтирани улици во должина од над 40 километри и поставени павер елементи во должина од преку 6 километри. Направивме и нови 1300 паркинг места за две години, иако ветив 1000 за целиот мандат, појанува Ѓорѓиевски.

Вели „Тука не застануваме, продолжуваме, заедно со вас, Кисела Вода да ја правиме подобро место за живеење!“.