Историска улога и научен придонес
Во своето обраќање, министерката за образование и наука Весна Јаневска се осврна на значењето на Филозофскиот факултет во историски и современ контекст. Таа нагласи дека институцијата има клучна улога во создавањето научници, истражувачи и општествени визионери.
„Повеќе од еден век придонес кон градење на општеството, кон градењето на генерации научници, истражувачи и општествени визионери кои некогаш и сега ја обликуваат државата“, рече Јаневска, изразувајќи благодарност до професорите и вработените за нивната посветеност и научен ангажман.
Универзитетите како простор за критичка мисла
Јаневска истакна дека високото образование има суштинска улога во развојот на современото општество. Според неа, универзитетите не се само места за стекнување дипломи, туку средини во кои се создаваат критички настроени и општествено одговорни граѓани.
Таа посочи дека токму вакви институции, каков што е Филозофскиот факултет, имаат долгорочна улога во обликувањето на општествените вредности и во унапредувањето на јавниот и научниот дискурс.
