Владата не ги прифати амндманите на опозицијата со кои се бараше да се изврши усогласување на другите плати со минималната за да се избегне изедначувањето кај различни категории работници. Пресметките покажале дека пред неколку години, на пример, вработените во образование земалe 60 отсто поголема плата од минималната, сега овој процент е преполовен.

Опозицијата обвини дека власта не се грижи ни за пензионерите во услови на ценовна криза и затоа одбила зголемување на пензиите за 20 отсто веќе од април. Дијалогот за зголемување на пензиите почнува утре меѓу пензионерските здруженија и министерствто за труд.