Резултатот по сетови беше 15-25, 14-25, 13-25. Во сите три сета гостинките од Кичево доминираа на паркетот и се стекнаа со недостижно водство за домашната екипа.
– Фаворитската улога што ја имавме пред мечот со „Виктори Волеј“ од Струмица во целост ја оправдавме. Во ниту еден момент нашата победа не беше доведена во прашање, а тоа најдобро го потврдува и резултатот по сетови. Во нашата екипа немаше слабо место, сите одбојкарки што настапија го дадоа својот максимум и овој триумф е добра најава пред дербито на колото што го играме следниот викенд на домашен терен против лидерот на табелата „Македонија Макс“, изјави претседателот на Ускана, Башким Мехмеди.
Во кичевскиот клуб очекуваат со помош на публиката и со концентрирана игра во текот на целиот натпревар да го совладаат својот нареден противник и да влезат во директна борба за освојување на првото место на табелата.