Лика повика на будност и заштита на правата на Албанците во општината

Оџата Бедри Лика, имам во џамијата во Бутел 2, кој претходно упати јавен повик до албанското население да не гласа за Дарко Костовски, сега остро го критикува градоначалникот за неговиот прв потег во мандатот.

Лика реагираше поради фотографијата на Костовски пред црква на првиот ден од својот мандат, оценувајќи го тоа како сигнал за дискриминација кон граѓаните од исламска и христијанска вероисповед.

„Овој градоначалник кој тврди дека е еднаков за сите граѓани на Бутел, наместо да се фотографира во канцеларијата на општината, се фотографира пред црква – за да покаже дека ќе продолжи со дискриминација! Ако не ги отворите очите, ќе ви ги отворат!“, истакна Лика.

Исто така, имамот ги повика Албанците на будност и достоинство, истакнувајќи ја потребата за активна улога во заштитата на нивните права и присуство во јавниот живот. Според него, верските лидери имаат обврска да реагираат кога се загрозени вредностите и еднаквоста на заедницата.