„Одиме заедно до победа“ е пораката на Мицкоски за обединување и конечна победа на изборите
„Одиме заедно до победа“, порача Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук. Тој нагласи дека овие избори се „финална битка“ за тоа каква држава сакаме.
„Има и такви кои живеат од татковината и ние, народот, кои живееме за татковината,“ напиша тој. Мицкоски додаде дека народот веќе ги симнал од власт оние кои „уриваа наместо да градат“, но сега треба, како што вели, целосно да се поразат и испратат во пензија.
„Јасно е, ќе победиме сите заедно. Македонија ќе победи,“ порача тој.