Со последното ажурирање за случајот против медицинската сестра од Клиниката за онкологија обвинета за проневера на цитостатици, судењето е одложено за 4 декември, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје. Судскиот процес, заведен под предмет број 1990/23, го опфаќа А.О. која се товари за проневера по член 354 чл 1 од Кривичниот законик, поврзана со нејзината работа на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија во Скопје.

Причината за одложувањето, како што наведуваат од судот, е тоа што Јавниот обвинител не добил соодветна покана поради тековниот штрајк во јавното обвинителство, како и како и отсуство на обвинетата за која не е вратена достава за прием. Во текот на рочиштето обвинетата имаше правно застапување, именувано од семејството, со соодветно овластување од Кривичниот суд.

Пријавената, според наводите, со умисла присвоила поголем број ампули со вкупна вредност од 59.760 денари што и биле доверени додека била на должност, а со цел да се стекне со противправна имотна корист. Ампулите биле земени од работното место, а подоцна биле пронајдени во нејзиниот автомобил, најверојатно за испорака на друго лице.

Извор: Независен