Од денешниот ден, веќе не е во сила Одлуката за ограничување на трговските маржи со која беа опфатени белиот леб, шеќерот, сончогледово масло, брашното од пченица, тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите, оризот, трајното кравјо млеко, јајцата, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот.

Одмрзнати маржи за основните прехранбени производи, враќање на ДДВ-то од 10 на 18 проценти, ново покачување на електричната енергија – се трите мерки кои стапуваат на сила од 1 јули.

Цените на овие основни производи ќе се утврдуваат според пазарните услови велат од Министерството за економија.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица, макарони и шпагети, ориз, млеко, јајца, урда, сирењекравјо бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт беше утврдена во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало. Но, од 1 јули ваквата мерка повеќе не е на сила, бидејќи според министерството, долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени, може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.

Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи.

Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, додаваат од Министерството за економија.