Министерството за Правда денеска добило изветување од турските власти дека е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо, објави Телма.
Палевски е во екстрацидионен притвор во Турција. Тој е осомничен за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.
Тој е првоосомничен во истрагата за грабнување и убиство на свиреп начин на малолетната Вања и на Панче Жежовски.
Нивните тела беа пронајдени во ист ден, на 3 декември лани – едното во близина на Скопје, а другото кај Велес. Палевски беше уапсен неколку денови подоцна во Турција.