Одрон и технички зафат на автопатот

Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, веднаш после Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ.

Исто така, денеска и утре на Автопат А-1, делница клучка Миладиновци – клучка Петровец, ќе се применува времен режим на сообраќај поради технички зафат од ДПТУГ „Електра Груп“ ДООЕЛ. Кај клучка Аеродром, во дневниот период од 6 до 8 часот, возилата ќе се движат по сообраќајните ленти за претекнување.

АМСМ апелира до возачите на автопатите да ја прилагодат брзината, да го почитуваат поставеното означување и да возат внимателно, особено на делниците со технички зафати и потенцијални одрони.