Одрон од карпа на патот Скопје-Велес, во прекин дел од патните правци во крушевско, забрана за товарни возила на патот Струга-Ќафасан соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во 17:35 часот пријавено е дека на автопат Скопје– Велес, после тунелот “Бадар” има одрон од карпа, која ги има зафатено двете ленти. Сообраќајот не е во застој. На лице место има полициски службеници и екипа од Македонија пат.

Од 18:05 часот поради излевање на Црна река од своето корито кај с.Бучин, крушевско имаме прекин на патениот сообраќај на локалните патни правци од с.Бучин – Д.Хисар,с.Бучин према с.Обршани и с.Бучин према с.Трноци.

Исто така, ве известуваме дека од 18:15 воведена е забрана за движење на товарни возила на патениот правец Струга-Ќафасан.

Воедно, информираме дека од 18:30 часот патниот правец Пробиштип-Леговец поради сообраќајна незгода и вршење на увид е затворен за сообраќај во двата правци.

Министерството за внатрешни работи преземаа соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот.
Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација.