Одрон по велешка патарина кон Скопје

Голем одрон на карпи се случил веднаш по патарината кај Велес, во правец кон Скопје. Очевидци велат дека на коловозот паднала масивна карпа, која сериозно го загрозува сообраќајот на оваа делница.

Возачите кои се движат кон Скопје се повикуваат да ја намалат брзината и да возат со зголемено внимание, особено во близина на местото на одронот.

Засега нема пријави за повредени лица или оштетени возила, но опасноста и понатаму е присутна. Според информации, надлежните служби се подготвуваат да излезат на терен и да ја отстранат пречката, по што ќе се нормализира сообраќајот.

Одрон по велешка патарина