Како што информираат од информативната служба на Општина Велес, учесниците на расправата, граѓани претставници на Граѓански здруженија, бизнис секторот и локалните институции и установи имале можност да ги кажат своите забелешки, сугестии и предлози по Нацрт-буџетот.
Тие појаснуваат дека согласно со востановената практика сите конструктивни забелешки ќе бидат вградени во предлог верзијата на буџетот за 2022година.
На овој начин Општина Велес обезбедува максимална вклученост на граѓаните во заедницата во планирањето на граѓанскиот буџет.