Во организација на Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин денес се одржа Спектратон, втората по ред трка на која учествуваа неколку илјади спортисти рекреативци и здравствени работници од целата држава. Во рамки на трката која има хуманитарна цел се трчаше во машка и женска конкуренција на 5 и 10 километри, а детските трки беа на 150, 300 и 500 метри.

Средствата од котизацијата на натпреварувачите како и средства од фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин годинава се наменети за поддршка на лицата со аутизам односно на 4 организации и тоа: Центар за рехабилитација на патологија на термална комуникација, Клиника за детски болести за докомплетирање на просториите за детска патофизиологија, Здружението Рубикон за сензорна соба за поддршка на деца со аутизам и здружението Сина Светулка за програмата за рана проценка за откривање аутистичен спектар.

Организаторите воедно преку кратко видео прикажаа каде заминаа средствата од првото издание Спектратон.

Победници на денешната трка имаше и тоа беа пред се професионални спортисти но вистински победници на овие трки како што напоменаа организаторите се сите учесници кои преку учеството на трката ја покажаа својата хуманост на дело.

Во продолжение дел од видео материјалот кој ќе биде дополнет во текот на денот.