Полициски екипи одзедоа околу еден тон марихуана од складиште на Green Life во Валандово, една од шесте компании на кои им се одземени лиценците за одгледување марихуана за медицински цели.
Green Life се занимава со одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за употреба во фармацијата, а операцијата е дел од континуираните акции за запирање на илегалната трговија со дрога.