Како што се ближат новогодишните и божниќните празници расте бројот на лица кои нелегално имаат пиротехнички средства.
На 20.12.2023 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Ф.А.(19) од Виница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 3.000 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.
Претходно, низа превентивни активности првенствено фокусирани на учениците, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници. Во рамки на заедничките активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје „Петарди НЕ, безбедност пред се”, беа посетени две тетовски општински средни училишта, „Никола Штејн” и „Осми Септември”.