Полициска контрола во неготинско село

Педесет и едногодишен жител на Пепелиште бил лишен од слобода откако кај него биле пронајдени поголеми количини нафта без документација.

Во село Пепелиште, неготинско, вчера попладнето полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода О.П. (51) од Пепелиште, соопшти МВР.

При контрола на патничко возило „ровер фрилендер“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал О.П., биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта. Возачот не поседувал соодветна документација за горивото. О.П. бил задржан во Полициската станица Неготино.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.