Полициски службеници вчера околу 15 часот при контрола извршена во атарот на кичевското село Староец, сопреле патничко возило марка „Форд“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Н.В.( 54) од Кичево.
-По извршениот претрес констатирале дека тој нелегално и без соодветна документација врши транспорт на 1,5 кубици просторно огревно дабово дрво, кои заедно со моторната пила се одземени и предадени на шумската полиција во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски и посочи дека по документирање на случајот ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
Тој потсети дека вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во нејзиниот дом почината е пронајдена М.П.( 82) од Кичево. Нагласи дека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.