Руски единици навлегоа во украинската територија западно од Донецк

Руската армија денеска објави дека е започната офанзива во Днепропетровска област, што е прва офанзивна активност на овој фронт по повеќе од три години војна во Украина.

Во објава на Телеграм, Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека 90. оклопна дивизија ја достигнала западната граница на самопрогласената Донецка Народна Република и ја продолжува офанзивата кон украинската Днепропетровска област.

„Единиците на 90. оклопна дивизија стигнаа до западната граница на Донецката Народна Република и ја продолжуваат офанзивата во Днепропетровска област“, се наведува во соопштението објавено од руската војска.

Офанзива во Днепропетровска област: Пробивот се смета за симболичен и стратешки

Според воени извори, овој потег има симболичка тежина, но и стратешко значење за текот на војната. Украинската страна сѐ уште нема официјална реакција на најновите настани.

Воени набљудувачи проценуваат дека украинската одбрана на овој дел од фронтот се соочува со недостиг на војници и недоволно оружје, што ја отежнува нејзината позиција.

Офанзивата доаѓа во време кога украинските сили се под притисок на повеќе фронтови, особено во источниот регион Донбас.

Днепропетровск како цел на ракетни и дрон-напади

Областа Днепропетровск пред почетокот на војната, во февруари 2022 година, имала население од околу три милиони жители. Главниот град, Днипро, често е цел на руски ракетирања и напади со дронови.

Градот, кој брои околу еден милион жители, служи како логистичко и административно средиште на регионот и е важна врска помеѓу источниот и централниот дел на Украина.