Зеленски вели украинската војска има под контрола 82 населени места. Во тековниот упад презеле целосна контрола и врз рускиот град Суџа. Создадена и првата воена командна канцеларија во Курск.

„Имаме нов напредок. Генералот Сирскиј извести за ослободувањето на градот Суџа од руската војска. Таму се формира Украинска воена команда. Ослободени се и неколку други населени места. Севкупно, веќе има над 80. Му благодарам на секој наш воин кој го обезбедува сето ова“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Москва вели-ги турка назад украинските единици. Известува за стотици смртни случаи на украинска страна додека продолжува да го евакуира населението од борбените зони. Издадена наредба за формирање координативен комитет во погодените региони.

„По моја наредба, Министерството за одбрана на Руската Федерација формираше Координативен комитет за прашањата за воената заштита на граничните територии – регионите Белгород, Брјанск и Курск. Тој беше составен од шефови на воени власти, претставници на генерал Персоналот и раководителите на конститутивните субјекти на Руската Федерација“, изјави Андреј Белоусов, министер за одбрана на Русија.

Можни се преговори меѓу Русија и Украина доколку западните земји се за тоа-изјави белорускиот претседател Лукашенко, предупредувајќи дека нема да користи нуклеарно оружје додека не се прекршат националните граници на неговата земја.

„Во врска со нуклеарното оружје-црвените копчиња се веќе притиснати на периметарот на Белорусија и Русија. Останува само да се притисне најцрвеното. Нема да дозволиме да ја згазат нашата земја, како што беше со Советскиот Сојуз, ќе одговориме веднаш и соодветно. Ако сакаат тоа да не се случи, да седнеме на преговарачка маса и да ја прекинеме оваа борба“, изјави Александар Лукашенко, претседател на Белорусија.

Помошникот на рускиот претседател Патрушев изјави дека НАТО и Западот помогнале во планирањето на украинскиот напад врз Курската област. Во истовреме севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најави продлабочување на соработката со Кремљ додека над 800 дански војници пристигнаа во Латвија како дел од подготвеноста на НАТО во Источна Европа за да се одврати Русија од агресивни дејства против земјите на НАТО, доколку е потребно, да ги брани балтичките земји од руска инвазија.